Шведска мора да се подготви за илјадници мртви од Ковид-19, изјави денеска премиерот на државата Стефан Лофвен.

Ќе имаме илјадници мртви. Мора да се подготвиме за тоа, рече премиерот во интервју за дневниот весник „Дагенс Нихер“.

Државата се соочува со криза поради бројот на луѓе кои имаат потреба од грижа и падот на економијата. Лофвен предупреди дека пандемијата на коронавирусот ќе трае „месеци, а не со недели“.

Треба да ја имаме таа перспектива и да не се откажуваме од мерките, додаде тој.

Проценката за жртви се заснова на искуството на другите земји и ширењето на вирусот во Шведска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.