Вила во Лондон, наводно во сопственост на членови на семејството на рускиот милијардер Олег Дерипаска, е окупирана од демонстранти кои се противат на војната во Украина.

Како што пишува „Блумберг“, групата демонстранти влегле во домот на Белгрејв Сквер – една од најбогатите области во градот – во 1 часот по полноќ.

Планираме да останеме во имотот додека не заврши војната и додека бегалците кои излегуваат од Украина не бидат сместени – вели член на групата, кој одбил да го каже своето име.

На прозорците на зградата се закачени украинско знаме и транспаренти, меѓу кои има и еден со натпис „Овој имот е ослободен“. Демонстрантите велат дека биле инспирирани од Нестор Махно, кој ја предводел украинската анархистичка армија во 1917 година.

Министерот Мајкл Гоув ја изнесе идејата за користење на домовите на санкционираните Руси за сместување на украинските бегалци. Дерипаска беше санкциониран од Велика Британија минатата недела, откако земјата ги заостри ограничувањата за Русите од висок профил.

Полицијата го опколи имотот, а повеќе од 30 полицајци се на местото на настанот.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.