Популарноста на бразилскиот претседател Жaир Болсонаро се намали на најниско ниво за време на неговиот мандат.

Според податоците на агенцијата за истражување на јавното мислење „Датафолха“, 53 отсто од испитаните Бразилци не го поддржуваат актуелниот претседател.

Овие податоци покажуваат зголемување на недовербата во споредба со последното истражување, кое беше спроведено во јули, кога 51 отсто од испитаниците немаа добро мислење за работата на Болсонаро.

Податоците добиени од „Датафолха“ покажуваат дека 22 проценти од испитаниците сметаат дека Болсонаро е добар или одличен, што е намалување во однос на 24 проценти од испитаниците кои беа на такво мислење во претходното истражување.

Болсонаро доживува пад на популарноста поради управувањето со епидемијата на корона вирусот, во која Бразил е на второ место по смртност, но и зголемената инфлација и високата невработеност.

„Датафолха“ го спровела истражувањето од 13 до 15 септември на примерок од 3.667 лица низ Бразил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.