Една година по првото отповикување, поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ќе го започне второто судење пред Сенатот, чии членови мора да одлучат дали тој го поттикнал нападот врз Капитол, кој заврши со смртни последици.

Стотици сенаторки и сенатори со таа постапка ќе стапнат на досега непозната територија, бидејќи тие ќе му судат на претседател кој повеќе не е на власт, но сепак е токсична политичка фигура која останува потенцијална сила во неговата партија дури и без моќта на Белата куќа.

Бунтот, кој што според некои демократи е обид за државен удар извршен од домашни терористи, се смета за најопасен напад врз американската демократија од Граѓанската војна во 1860 година.

Членовите на Конгресот, кои беа немилосрдна цел на бунтовниците, беа потресени од нападот, а нацијата беше налутена, па демократите веднаш го започнаа процесот за отповикување на Трамп, само две недели пред да заврши неговиот мандат.

Претставничкиот дом го обвини Трамп на 13 јануари за „поттикнување бунт, засекогаш означувајќи го како претседател кој двапати беше отповикан. Ниту еден друг висок функционер никогаш не бил толку засрамен.

Но, сè уште има малку шанси Трамп да биде првиот претседател кој ќе биде отповикан во Сенатот. Една од главните цели на демократите кои го подготвуваат судењето е Трамп во иднина да не се најде во претседателската фотелја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.