Денеска во Русија почнаа парламентарни и локални избори, со отворање на првите избирачки места на Далечниот Исток. Почетокот на изборите официјално го најави претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, за време на состанокот на ова тело, кој се пренесуваше преку интернет.

На повеќето критичари на политиката на Кремљ им е забрането да учествуваат на изборите, наведува АФП.

Русија се простира на единаесет временски зони, а изборите почнаа на Камчатка и Чукотка денеска во 8 часот по локално време.

Изборите ќе траат три дена, до 19 септември, со цел да се ограничи ризикот од епидемијата на коронавирусот.

Првите резултати се очекуваат в недела во 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.