Дводневниот штрајк на германскиот кабински персонал што „Луфтханза“ го најави во текот на вчерашниот ден со откажување 1.300 летови, денеска ќе опфати 700 летови, а утре 600.

Авиокомпанијата посочува дека од штрајкот ќе бидат погодени околу 180 илјади патници.

Германскиот синдикат ги повика пилотите и стјуардесите од компанијата „Луфтханза“ денеска и утре да организираат штрајк, барајќи повисоки плати и подобри работни услови за околу 21.000 персонал.

„Луфтханза“ побара од судот во Франкфурт да изрече забрана за штрајк на кабинскиот персонал, но Судот одлучи дека штрајкот е законски.

Откажани се голем број летови од Германија, меѓу кои и интерконтинентални од Франкфурт и Минхен.

Авиокомпаниите во сопственост на „Луфтханза“ – „Свис“, „Аустриан“, „Еделвејс“ и „Брисел ерлајнс“ нема да бидат погодени од штрајкот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.