Почна бербата на „црвеното злато“ во Иран, a извезени 117,5 тони шафран.

Индустријата за шафран создаде околу 200.000 работни места, пишува иранската новинска агенција ИРНА.

Количество од 117,5 тони шафран е испорачано од покраината Корасан Разави во првата половина од иранската година, што почна на 21 март 2019 година по јулијанскиот календар.

Шафранот се одгледува во 22 ирански покраини, но покраината Корасан Разави, Северен Корасан и Јужен Корасан во источен Иран го сочинуваат речиси 90 отсто од вкупното производство на шафран во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.