Поранешниот лидер на Египет, Хосни Мубарак почина на 91-годишна возраст, според медиумите кои се повикуваат на извори од семејството. Контроверзниот претседател владееше со Египет три децении пред да биде соборен за време на „Арапската пролет“, а потоа и да биде затворен поради корупција.

Член од семејството за АФП изјавил дека Мубарак починал во воената болница во Каиро, неколку недели по операција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.