Маж на околу 60 години почина откако земал антималариски лек без рецепт за лекување од Ковид-19, се наведува во соопштението на американската здраствена компанија „Банер хелт“.

Мажот почина, а неговата сопруга е во критична состојба откако земале хлорохиден фосфат, што се користи и како додаток за чистење на аквариумите. Во рок од 30 минути брачната двојка покажала нусефекти, се посочува во соопштението.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека антималариските лекови потенцијално можат „да ја сменат играта“ со новиот коронавирус и оти лекот се препорачува во Њујорк и други места.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.