Уште една жртва има во кинескиот град Вухан од коронавирусот. Станува збор за главниот лекар на болницата во Вухан, кој почина денеска откако се зарази со коронавирусот „Ковид-19“,  објавија кинеските медиуми.

Д-р Лиу Жиминг беше директор на болницата Вочанг во градот за кој се смета дека е епицентар на болеста.

Од коронавирусот досега се заразени 71.450 лица.

Вкупниот број на починати во моментов е 1.776, со пет случаи надвор од Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.