Едно од повредените деца им подлегнало на повредите здобиени во несреќата што денеска се случи во Италија. Досега бројот на жртви изнесува 14 лица, вклучувајќи го и детето од деветгодишна возраст. Уште едно дете на возраст од пет години се бори за живот во болницата во Торино.

Кабината на жичарницата што го поврзува езерото Маџоре со блиската планина паднала од релативно висока точка на земјата во подножјето на голема шума и е целосно смачкана. Причината за инцидентот останува нејасна, но локалните извештаи сугерираат дека кабелот што ја движел кабината најверојатно откажал на околу 300 метри од врвот на планината.

Службите за итни случаи велат дека за несреќата им било дојавено денеска нешто по 12:00 часот по локално време. Спасувачките екипи при обидот за интервенција се соочиле со тежок и стрмен предел, но успеале да ги извлечат двете деца, од кои подоцна едното почина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.