Во Италија уште едно лице почина од новиот коронавирус, со што вкупниот број на починати сега изнесува четири лица.

Како што пренесува италијанската агенција Анса, станува збор за 84-годишен маж од Ломбардија кој бил хоспитализиран во Бергам и имал хронични болести.

Досега во Италија од новиот коронавирус наречен Ковид-19 се заразени 165 лица, претежно во покраините Ломбардија и Венето, во северна Италија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.