Масумех Ебтекар, потпретседателката на Иран имала позитивен тест на коронавирус, објавија државните медиуми. Претходно беше соопштено дека со коронавирусот се заразил и заменик министерот за здравство.

Таа е меѓу 254-те заразени со коронавирусот во земјата, во која досега починале 26 луѓе, што значи дека стапката на смртност е 10 отсто, пет пати повеќе од Кина. Во последните 24 часа, во Иран имало 106 новозаразени.

Ебтекар, која е потпретседателка за жени и семејни работи, имала благи симптоми и досега не е примена во болница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.