Францускиот Сенат ќе разгледа резолуција во која парламентарците ги повикуваат властите на државата да ја признаат независноста на Нагорно Карабах.

На 25 ноември, Сенатот ќе разгледа резолуција за признавање од страна на Франција на Република Артсах. Само неговата независност може со сигурност да ги гарантира правата и слободите на народот во Нагорно Карабах пред турскиот исламистички експанзионизам – објави на Твитер претседателот на републиканците во Сенатот, Бруно Ретајо.

Резолуциите на францускиот Сенат се од советодавна природа и извршната власт може да ги земе предвид, но не е обврзана да ги почитува.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин потсети дека „никој, па дури и Ерменија, не ја призна независноста на Нагорно Карабах“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.