Финска ќе ја прекине употребата на вакцината против Ковид-19 на комапнијата „Модерна“ кај мажи помлади од 30 години. Одлуката е донесена откако финскиот институт за здравје и социјална заштита објави дека биле пријавени ретки кардиоваскуларни несакани ефекти.
Ваквата одлука доаѓа откако шведските и данските здравствени власти вчера објавија дека ќе престанат да ја користат вакцината на „Модерна“ за помлади луѓе и деца. Норвешка веќе ја користи вакцината „Фајзер“ за сите деца, а сега се препорачува и за мажи на возраст под 30 години, пренесува АП.
Скандинавските земји својата одлука ја засноваат на необјавената нордиска истражувачка студија која вклучува податоци од Финска, Шведска, Норвешка и Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.