Турција со денови имаше проблеми со пожарите, а утрово два одделни земјотреси го погодија југозападниот брег на оваа земја.

Агенцијата за управување со катастрофи и управување со вонредни состојби (АФАД) објави дека првиот земјотрес со јачина од 4,3 степени е регистриран во близина на крајбрежниот град Датча, во провинцијата Мугла, во 2 часот по полноќ по локално време на длабочина од 24,21 километар.

Вториот земјотрес, кој бил 4,1 степени според Рихтеровата скала, бил регистриран во Егејското Море во 02:56 часот по локално време на длабочина од 3,19 километри, а епицентарот бил на околу 45 километри од Датча, објави АФАД.

Како што се наведува, засега нема извештаи за жртви и материјална штета во овие земјотреси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.