Маж и шестгодишно девојче се водат како исчезнати откако нивниот автомобил беше зафатен од порој на кал предизвикана од поплава во југозападна Швајцарија, соопшти полицијата во кантонот Валаис во понеделникот, додавајќи дека десетици спасувачи продолжуваат да трагаат по двете лица.

Силното невреме и лизгањето на земјиштето во неделата вечер предизвика прелевање на реката Лосенце, која однела две возила, едното празно, кое подоцна било пронајдено целосно уништено.

Засега не се знае дали 37-годишниот маж и девојчето се татко и ќерка.

Властите, исто така, ги затворија патиштата во близина на алпскиот град Камосон и жичницата што го поврзува Сиере со одморалиштето Кран-Монтана поради опасност. Невремето ја зафати областа речиси една година откако огромно лизгање на земјиштето зафати дел од Шамосон.

Научниците кои ги испитуваат климатските промени велат дека ваквите екстремните временски настани стануваат почести заради глобалното затоплување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.