Весникот „Њујорк Тајмс“ објави анализа на јавните настапи на американскиот претседател Доналд Трамп откако изгуби на претседателските избори на 3 ноември.

Меѓу 4 ноември и 22 ноември има 11 дена од 19 во кои Трамп немал јавни или официјални обврски.

Во тој период, тој имал прес-конференција на 5 ноември, присуствувал на церемонија на гробиштата Арлингтон на Денот на ветераните, за време на брифинг во Белата куќа откри детали за операцијата „Warp Speed“ во борбата против коронавирусот и коментираше за цените на лековите.

Американскиот лидер исто така учествувал на виртуелен состанок со азиските лидери, кратко се приклучи на виртуелниот самит Г20 и двапати ручаше со Мајк Пенс.

Трамп во тој период шест пати играл голф.

Весникот ги анализира и пораките на милијардерот на Твитер. Во последните три недели, шефот на американската држава имал 550 објави, од кои околу три четвртини биле обид за поткопување на резултатите од претседателските избори

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.