Некои од очајните роднини на патниците од летот на индонезиската авиокомпанија „Сривиџаја ер“, чиј „Боинг 737“ набрзо по полетувањето се урна во морето, веста за страшната несреќа ги затекнала во Понтијанак, каде авионот требало да слета.

Јаман Заи, татко на 3 деца кои биле во авионот со нивната мајка, изјавил за агенцијата „Ројтерс“ дека ги чекал на аеродромот во Понтијанак, кога ја слушнал веста за несреќата.

„Никогаш повеќе нема да ги видам“, рекол тој, покажувајќи фотографија од неговата најстара ќерка.

Се очекува дека индонезиската агенција за безбедност „KNKT“ ќе покрене истрага за оваа несреќа, а Американската управа за безбедност во сообраќајот (NHTSA) автоматски ќе биде дел од истата, бидејќи авионот е проектиран и изработен во САД.

Основана во 2003 година, авиокомпанијата „Сривиџаја ер“ со седиште во Џакарта лета воглавно во рамките на Индонезија, а нејзиниот патнички „Боинг 737“ со повеќе од 60 патници се урна вчера, откако исчезнал набрзо по полетувањето.

Денеска светските медиуми ја пренесоа веста дека екипите пронашле делови од човечки тела и парчиња од трупот на авионот. Сè уште нема официјални податоци за жртвите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.