Вулканот Јелоустоун во американската држава Вајомин последен пат еруптирал пред 640.000 години, но никој не знае кога повторно тоа ќе се случи. Сепак, некои мерења покажуваат дека тоа може да биде во секој момент.

Кога ќе се случи тоа, може да се смета дека ерупцијата во атмосферата ќе исфрли 240 километри кубни камења, прашина и пепел, како што се случило во последната ерупција. Ќе излезе толку многу магма што би се затворило целото подрачје во круг од 60 километри. Делови на Колорадо, Вајоминг и Јута би биле поклопени од еден метар пепел. Целото пространство на Средниот запад би било прекриено со најмалце 10 центиметри од пепел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.