По истрага стара 27 години и врз основа на потерница издадена од истражен судија, германската полиција уапсила 44-годишник обвинет за убиство на 13-годишно девојче. Станува збор за Торстен Е. кој во времето на злосторството имал 17 години.

Сепак, се уште не е утврден мотивот за убиството на малечката Сабине пред речиси три децении, објави весникот „Зуддојче Цајтунг“.

Убиството на 13-годишно девојче во 1993 година во селото Виесенфилд во Долна Франконија, на северозападот од Баварија ја потресе цела Германија. Имало осомничени, но сторителот не е фатен, се досега.

Девојчето Сабине Б. не се вратило дома на 15. декември далечната 1993 година. По два дена е пронајдено мртво на блиската фарма за коњи во јама со шталско ѓубриво која била затворена со тешка бетонска плоча.

Утврдено е дека Сабине е убиена на многу брутален начин. Истражителите пронашле траги од насилство на вратот и главата, а во устата и била напикана слама.

Во тоа време постоеле тројца осомничени: 17-годишно момче од тоа подрачје, 29-годишник од Виесенфилд и 15-годишно момче од истото село.

Ова најмладо момче било најсомнително, а неговите искази биле полни со противречни тврдења. Тој три пати е приведуван и потоа пуштан на слобода. Приведен е и поради второ убиство во јуни 1994 година, но исто така ослободен. Сепак, тој подоцна загинал во сообраќајна насреќа, а случајот се оладил.

Убиецот откриен по ДНК

Во меѓувреме, ДНК анализите станаа понапредни. Полицијата пронајде нови траги кои водеа до еден од првобитните тројца осомничени – момче од округот Маин-Спесарт. Станува збор за Торстен Е. момчето кое било едно од првично осомничените, кој во времето на злосторството имал 17 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.