Осомничениот за убиството на Стјуарт Лабок (31) во вилата на британскиот актер Мајкл Беримор е уапсен откако полицијата дошла до нови информации по ТВ документарец и награда од 40 000 фунти.

Осомничениот (50), кој не бил именуван, бил уапсен на северозападот од Англија, објавија британските медиуми.

Полицијата во Есекс соопшти дека детективите наскоро ќе контактираат со оние кои биле на забавата кога телото на Лабок бил пронајден како лебди во базенот во раните утрински часови на 31 март 2001 година.

Месарот Лабок и уште осум лица, меѓу кои Беримор (68), биле на забава во луксузниот дом во Ројдон, Есекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.