САД назначи свој амбасадор во Венецуела, што е прв случај во последните десет години. Сенатот на американскиот Конгрес го изгласа именувањето на Џејмс Стори за амбасадор во Венецуела.

Стори, роден во Јужна Каролина, ќе ја преземе работата што ќе ја извршува од главниот град на соседна Колумбија.

САД и Венецуела немаат дипломатски претставници од 2010 година, кога односите почнаа да се влошуваат за време на владеењето на поранешниот претседател на Венецуела, Уго Чавез.

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини претседателот на Венецуела Николас Мадуро за „узурпација“ на моќта и кршење на човековите права.

Двете земји минатата година целосно ги прекинаа дипломатските врски, при што секоја земја ги повлече своите дипломати непосредно откако Вашингтон го поддржа лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гваидо за легитимен претседател на Венецуела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.