Претседателот на Чиле, Себастијан Пинера е казнет со 3.500 американски долари откако пред случајни минувачи на плажа направил селфи фотографираја без маска на лицето.

Пинера се извини за постапката, а потоа се пријави кај надлежните органи, откако на почетокот на декември фотографијата се појави на социјалните мрежи.

Чилеанскиот претседател објасни дека сам шетал на плажа во близина на неговиот дом во Какагва, кога една жена го препознала и побарала заедничка фотографија.

На фотографијата се гледа како претседателот и жената стојат многу блиску еден до друг и двајцата без заштитни маски.

Во Чиле носењето маски е задолжително на сите јавни места, а за кршење на оваа мерка се предвидени високи парични казни, па дури и затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.