Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко изјави дека, планот на Русија за денеска е да се пробие до Киев со тенкови од правец на Иванков и Чернигов.

– Најтешкиот ден ќе биде денешниот. Планот на непријателот е да се пробие со колони тенкови од Иванков и Чернигов до Киев, напиша Герашченко на Телеграм.

Тој додаде дека бранителите на Киев се подготвени.

– Нападите врз Киев со крстосувачки и балистички ракети продолжија, наведе Герашченко преку СМС порака до новинарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.