Припадници на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапсиле жител на Калининград под сомнение дека планирал терористички напад врз објекти на Балтичката флота и аеродромот Храброво, а по инструкции на украинскиот баталјон „Азов“.

Во соопштението на ФСБ се прецизира дека се работи за локален жител роден 1967 година, државјанин на Русија.

Како што се посочува, пријавениот го признал делото и против него е поведена кривична постапка за делата „подготовка за терористички акт“ и „недозволено производство на оружје“.

Во соопштението се додава дека во неговата куќа била пронајдена бомба од домашно производство со околу пет килограми ТНТ, како и преписки со активни членови на „Азов“, пропагандна литература, како и симболи на таа организација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.