Тројца џихадисти се осудени од Специјалниот суд за кривични дела на Париз со казни од 22 до 30 години затвор, јави дописникот на МИА.

Осудени се двајца Французи и еден Мароканец и на сите тројца им се судеше за „здружување со цел подготовка на терористички напади“.

Стразбуржанецот Хишам Макран беше осуден на 22 години затвор, неговиот пријател од детството Јасин Бусерија на 24 и Мароканецот Хишам Ел-Ханафи на максимална казна од 30 години затвор.

Макран и Јасин Бусерија, двајцата на возраст од 41 година и Хишам Ел-Ханафи, 30 години, беа уапсени за неколку часа еден по друг, првите двајца во Стразбур, а третиот во Марсеј.

Според претставникот на антитерористичкото обвинителство, Бенжамин Шамбре, ова е „најамбициозна судска операција на Франција во областа на антитероризам“, „Улис“ не ги откри сите свои тајни за време на судењето кое траеше повеќе од две недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.