Разорен оган ги уништува шумите на Сибир, додека на другиот крај од светот гори и дождовната шума Амазон, а бројот на шумски пожари во Европската Унија (ЕУ) се зголемил за трипати годинава, со што станува извесно дека станува збор за глобален проблем кој ќе има сериозни последици, пренесуваат светските медиуми.

Научниците предупредуваат дека густите слоеви на чад можат да влијаат врз локалните временски услови, спречувајќи го протокот на сончевата енергија, но и формирањето на облаците. Ваквата појава влијае врз загревањето на атмосферата, како и врз ладењето на површината.

Во ЕУ, пак, се забележани 1.626 шумски пожари годинава, што е повеќе од трипати во однос на просекот забележан во изминатата деценија, кој изнесува 464 пожари годишно, според податоците на информацискиот систем за европски шумски пожари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.