Бројот на починаите во налетот на возилот во германскиот град Трир во вторникот попладнето се искачи на пет, соопшти вечерта лоалната полиција, отако малку претходно покраинскиот мунистер на федералната покраина Рајнска област-Пфалц, Рогер Левенц, извести за четири жртви.

Левенц, исто така, дека возачот бил под дејство на алкохол и оти неодамна бил лекуван поради психичко заболување.

„За жал, зборуваме за четири мртви и 15 повредени од кои четворица тешко“, изјави министерот за внатрешни работи на западната покраина Рајнска област-Пфалц, Рогер Левенц на вонредната прес-конференција, малку пред полицијата да го коригира бројот на жртвите.

Медиумите известија дека меѓу загинатите е и едно дете.

Левенц објасни дека возачот бил гневен и свесно сака да убие што пвоеќе луѓе, бидејќи се покажало дека возел по искривена траекторија.

Возачот на автомобилот веднаш по несреќата е уапсен и сѐ уште се наоѓа на испитувања, а против него се води истрага поради повеќекратно убиство и нанесување тешки телесни повреди.

Нема никакви назнаки дека би можело да станува збор за терористички напад или за дело со верска или политичка заднина“, изјавил државниот обвинител.

Станува збор за 51-годишен германски државјанин со гемранско потекло, кој е роден во Трир.

Според државниот обвинител Петер Фрицен, постојат податоци дека кај возачот неодамна било утврдени психичка болест, а во моментот на извршувањето на кривичното дело бил во алкохолизирана состојба. Кај него биле измерени 1,4 промили, додал обвинителот.

Возилото, теренско возило „Ленд Ровер“, кое го упавувал сторителот, не бил негова сопственост, туку, како што појаснила полицијата, друго лице му го ставила на располагање. Според сознанијата на полицијата, последните неколку дена мажот ги минал во возилото, а немал ниту пријавена адреса на престој.

Волфрам Лејбе, градоначалникот на Трир кој се наоѓа на тромеѓето меѓу Германија, Франција и Лихтенштајн, им се заблагодари на клиниките во соседните земји кои понудиле помош веднаш во веста за трагедијата.

Како што изјави портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт, во владата се „потресени од настанот во Трир“. Канцеларката Ангела Меркел соопшти во меѓувреме дека е во постојан контакт со покраинските власти.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.