Поранешниот австриски вицеканцелар, Хајнц-Кристијан Штрахе, во Виена е осуден на 15 месеци условна казна затвор за корупција.

Штрахе е обвинет дека го фаворизирал сопственикот на приватна виенска клиника во 2017 година поради што е направена и измена на законот за здравствени услуги во приватниот сектор.

Во замена за тоа, на десно-популистичката Слободарска партија на Австрија (ФПО), тогаш предводена од Штрахе, приватниот претприемач Валтер Грабмулер донирал вкупно 12.000 евра.

Грабмулер е осуден и на 12 месеци затвор за давање мито, исто така со условна казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.