Пет лица утрово загинаа во хотел во рускиот град Перм кога експлодирала цевка со топла вода од систем за греење, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Како што се наведува, експлодирала цевка за топла вода и врела вода го поплавила сутеренот на хотелот.

При испумпување на водата и пребарување на просториите, откриени се пет тела и тие во моментов се идентификуваат, соопшти прес-службата на Министерството.

Според претходните извештаи на локалните власти, инцидентот се случил во приватен хотел во индустриската област на градот на Урал кој има повеќе од еден милион жители.

Истражен тим почна кривична истрага за смртта на пет лица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.