Над половина милион потписи се ставени на онлајн петицијата со која се бара премиерката Тереза Меј да го откаже Брегзит со повлекување на Член 50, а поради високото ниво на интернет сообраќај утрово сајтот на британскиот Парламент некое време не беше во функција.

Петицијата се случува во момент кога Меј замина во Брисел за да побара одложување на датумот за Брегзит, јави Би-Би-Си. Министерот за надворешни работи Џереми Хант изјави дека откажувањето на Член 50 е можно, но „многу неверојатно“.

Петицијата брзо го помина прагот од 100.000 потписи, што значи дека ќе биде разгледуван за дебата во Парламентот. Во моментов има повеќе од 700.000 потписи.

Маргарет Ен Георгиаду, која ја започна петицијата, изјави за Би-Би-Си: Станав како секој друг кој е за останување во ЕУ – многу фрустрирана што толку долго бевме замолчувани и игнорирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.