Руското Министерство за надворешни работи прогласи пет лица вработени во полската амбасада во во Русија за „персона нон грата“, по што тие мора да ја напуштат земјата до крајот на 15 мај.

Руските медиуми претходно објавија дека полскиот амбасадор Кшиштоф Крајевски бил повикан во Министерството за надворешни работи во Москва во знак на протест против „неоснованото прогласување“ на тројца вработени во руската Амбасада во Полска за непожелни „под апсурден изговор за солидарност со САД во врска со неосновани обвинувања за учество на Москва во кибернапади на територијата на САД“.

Како соодветна мерка против провокативните активности на Полска за протерување руски дипломати и врз основа на принципот на реципроцитет, Министерството прогласи пет лица вработени во полската Амбасада во Русија за персона нон грата – е пораката што ја добил полскиот амбасадор.

Полска претходно донесе одлука да прогласи тројца вработени во руската Амбасада во Варшава за непожелни. Како причината за оваа одлука е наведена „повреда на дипломатскиот статус на овие лица и вршење активности на штета на Полска“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.