Пет луѓе се повредени и итно пренесени во болница, по напад со нож што се случил во германскиот град Оберхаузен.

Како што наведуваат германските медиуми, осомничениот е уапсен.

Германскиот портал „WAZ“ наведува дека повредените се во критична состојба и дека се на интензивна нега. Повреден е и самиот напаѓач, кој исто така е хоспитализиран.

Портпаролот на полицијата Криштоф Викхорст не изнел информации за мотивите на нападот, но потврдил дека повредените во нападот имаат рани од нож. Истрагата е во тек и се очекува мотивите за нападот да бидат дополнително објавени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.