Пет лица, меѓу кои и тројца шпански туристи, биле прободени со нож во близина на римските урнатини во Џераш во Јордан, објави државниот весник Ал-Раи повикувајќи се на безбедносни извори.

Џераш се наоѓа северно од главниот град Аман и е познат по урнатините од грчко-римската населба Гераса, во непосредна близина на денешниот град.

Според јорданската полиција, напаѓачот е уапсен. Прелиминарните извештаи велат дека туристите се здобиле со сериозни повреди и дека сите се хоспитализирани.

Во август годинава непознат напаѓач отвори оган врз автобус со туристички водичи во близина на историскиот јордански град Петра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.