Италија ќе воведе петдневен карантин за сите патници од земјите членки на Европската Унија (ЕУ).

Од италијанското Министерство за здравство соопштија дека секој патник од ЕУ ќе мора да направи тест пред заминување, да го почитува петдневниот карантин, а потоа повторно да се тестира, што е мерка за патниците од земјите надвор од Унијата.

Таа мерка се однесува на сите граѓани, вклучувајќи ги и италијанските државјани.

Датумот за стапување во сила на новите мерки сè уште не е познат, но би требало да тоа да се случи пред велигденскиот викенд кој почнува в сабота, а завршува в понеделник, кога традиционално пристигнуваат странски туристи во Италија.

Во земјата во сила се рестриктивни мерки поради пандемијата на корон авирусот, а целата земја ќе биде во „црвена зона“ за време на католичкиот Велигден.

Според податоците на Министерството, во Италија досега починале над 108.000 луѓе како последица на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.