Разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и австрискиот канцелар Карл Нехамер во понеделникот, беше кратка според најновите стандарди за таквите средби, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Средбата се одржа резиденцијата на руските челници во Подмосковје, и беше без присуство на новинари. Според австриските медиуми, двајцата челници разговарале околу 90 минути.

„Разговорт беше краток. Краток за стандардите, така да се каже, од последниот период“, рекол Песков за новинарите.

На барањето да ја коментира изјавата на австрискиот канцелар за отсуство на оптимизам по средбата, Песков рекол дека тој сѐ уште не е запознаен со исходот од резговорите и оти не може засега ништо да каже.

Нехамер, кој е првиот челник од Европската унија по почнувањето на офанзивата во Украина што се сретна со Путин очи в очи, изјави дека во текот на разговорите тој бил „остар и директен“.

„Тоа не беше пријателска посета. Разговорот беше многу отворен, остар и директен. Мојата најважна порака на Путин беше дека војната конечно мора да заврши, бидејќи во војната двете стерани се губитници“, изјавил Нехамер додавајќи дека се надева оти дека тоа ќе помогне војната да биде приведена кон крајот и да се подобрат условите за живот на цивилите, соопшти претходно австриската влада.

Нехамер подоцна за новинарите изјавил дека се неопходни личните средби со Путин во врска со ситуацијата во Украина.

„… Според мене, таквото лично соочување е неопходно. Јавувањето (телефонско) е една работа, но поважно е да седнете еден наспроти друг, да се гледате в очи, да разговарате за ужасите на војната. Можеби тоа нема да донесе успех наскоро, но убеден сум дека секој придонес може да биде вреден и корисен кога во прашање мирот“, изјави Нехамер на прес-конференцијата во Москва по средбата со Путин којашто ја пренесуваше австриската телевизија Plus4.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.