Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека сè уште нема неопходни предуслови за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Украинецот Володимир Зеленски и дека во моментот нема разговори меѓу Москва и Киев.

„Украинската делегација на преговарачи, така да се каже, исчезна од радарските екрани. Сега нема разговори. Специјалната воена операција продолжува и ќе продолжи сè додека не се постигнат поставените цели“, рече Песков, пренесе агенцијата ТАС С.

Русија очекува дека западните земји ќе го искористат своето влијание врз украинските власти за да го прекинат гранатирањето на нуклеарната централа во Запорожје, изјави Песков.

„Очекуваме дека земјите што имаат апсолутно влијание врз украинското раководство ќе го искористат своето влијание за да се погрижат таквите напади да не се повторат“, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.