Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека НАТО секогаш бил инструмент на агресија и конфронтација, но Русија сака да соработува со Алијансата.

Повеќе пати имаме изјавено дека НАТО е создадено за конфронтација. Меѓутоа, Русија никогаш не избегнувала соработка со НАТО – истакна Песков.

Тој додаде дека Русија никогаш претерано не ја нагласувала улогата на Сееврноатлантската алијанса во обезбедување на глобалната европска безбедност и стабилност.

Бидејќи тоа е инструмент на конфронтација и понекогаш на агресија. Тоа е нашето мислење за НАТО – наведе Песков.

Тој коментирајќи ја вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон, наведе дека „НАТО можеби е живо или мртво, ние не сме паталози да испитуваме и да одлучуваме кои делови од НАТО се коматозни“.

Макрон во интервјуто за „Економист“ изјави дека „НАТО е клинички мртво, време е Европа да почне да размислува сама за себе како геополитичка сила“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.