Властите во Перу забранија влез на невакцинираните лица во Конгресот. Одлуката е донесена во услови кога во државата се откриени првите случаи на заразени со омикрон варијантата.

Согласно одлуката, само пратениците и функционерите кои примиле најмалку две дози вакцина ќе смеат да влезат во Парламентот. Во еднодомниот Конгрес не се вакцинирани 16 од 130 пратеници.

Вкупно 2.265 случаи на корона вирус се потврдени од почетокот на пандемијата во земјата со околу 33 милиони луѓе. Земјата има најголем број на смртни случаи од корона вирус по глава на жител во светот со повеќе од 202.000 починати.

Речиси три четвртини од населението на Перу се веќе целосно вакцинирани против Ковид-19, но со појавата на омикрон во земјата, каде што веќе се откриени 12 случаи, се појавија стравувања од нов бран на корона вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.