Адвокати во Германија расправаат за тоа како да се справат со еден пензионер кој во својот подрум чувал тенк, противавионска пушка и торпедо од Втората светска војна.

Оклопното возило „Пантер“ е отстрането од подрумот на куќата на 84-годишниот маж во северна Германија, во градот Хајкендоф, уште во 2015 година. Но, обвинителите и бранителите сега преговараат за можната казна, која се движи од условна до 500.000 евра казна.

Според адвокатот на обвинетиот, Американскиот музеј е заинтересиран за купување на „Пантерот“. Многу историчари тврдат дека тоа било најефикасното воено возило што го користела Германија во Втората светска војна.

Адвокатот исто така изјави дека голем број германски колекционери контактирале со обвинетиот поради други предмети, вклучително и пушки и пиштоли.

На судското рочиште во понеделникот во градот Кил, адвокатите се обидоа да утврдат дали воената колекција го крши германскиот закон за контрола на оружјето. Одбраната тврди дека многу оружја веќе не се функционални и дека „Пантерот“ е купен како отпад и размислува да прифати казна помала од 50.000 евра.

Во јули 2015 година, околу 20 војници го извлекуваа „Пантерот“ од имотот девет часа и го туркаа на ниско-преносен натоварувач.

Тамошните власти ја пријавиле содржината во подрумот на колегите во Берлин, кои претходно извршиле претрес во домот за уметнички дела украдени од нацистите, па судската постапка отпочнала. Следното рочиште е закажано за утре, а пресудата се очекува следниот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.