Потпретседателот на САД, Мајк Пенс денеска објави дека ја назначува Деби Биркс за национален координатор за борба со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Биркс претходно се занимавала со прашања околу борбата со ХИВ и СИДА.

Таа е дел од работната група под раководство на министерот за здравство и социјала Алекс Азар и ќе се координира со соработници во Советот за национална безбедност.

Според Пенс, таа има одлична биографија како висок специјалист за здравство. Повеќе од три децении работела како доктор и научник во области на вирусни заболувања, разработка на вакцини и соработка меѓу институции.

Таа учествувала во разработка на патентни вакцини во еден од најголемите тестови за испитување и развој на вакцини против ХИВ во историјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.