Ширум Европа и денеска продолжи трендот кој овие денови опфаќа релативно високи температури и рушење на рекорди кога е висината на температурата во прашање.

Во Германија, Белгија и во Велика Британија денеска се поставени нови рекорди во температурите предизвикани од топлотниот бран што го зафати поголемиот дел од Западна Европа.

Германската метеоролошка служба соопшти дека денеска е поставен нов рекорд со измерени 41,4 степен во Линген.

Во Белгија е забележан националниот рекорд со измерена температура од 40,6 степени на североистокот на земјата. Вчера во Белгија беа измерени 40,2 степени во близина во Англеур.

И во Велика Британија денеска бил најтоплиот ден во јули со измерени 36,9 степени на аеродромот „Хитроу“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.