Американската држава Калифорнија прогласи вонредна состојба за да се обезбеди функционирање на електроенергетскиот систем бидејќи делови од југозападниот дел на САД се погодени од опасно високи температури. Во Националниот парк Долина на смртта во Калифорнија вчера биле измерени 54 степени Целзиусови.

Издадено е предупредување за прегревање за голем дел од Аризона и Калифорнија и јужните области на Невада и Јута. Властите им порачаа на граѓаните да не престојуваат на сонце и да останат во климатизирани објекти, пишува Би-Би-Си.

Во Калифорнија до недела температурите ќе се движат од 37 до 43 степени Целзиусови. Гувернерот Гавин Њусом рече дека вонредната состојба, што важи до недела, треба „да го намали товарот врз енергетската инфраструктура и да го зголеми енергетскиот капацитет“.

Калифорнискиот ИСО, кој ја држи најголемиот дел од електричната мрежа во државата, побарала од граѓаните да ги постават термостатите на климатизерите на 25 степени (или повеќе) и да избегнуваат употреба на главните апарати и непотребни светла.

Во Националниот парк Долина на смртта во Калифорнија, честопати една од најтоплите области во светот, вчера биле измерени 54 степени Целзиусови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.