Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан, изјави дека се чувствува одговорен за ситуацијата во Нагорно Карабах.
Живееме во многу тешки времиња, но мора да ги преживееме и овие тешки времиња и да живееме со последиците – изјави Пашињан на состанокот на Владата.
Тој нагласи дека како премиер ја презема целосната одговорност за ситуацијата во Нагорно Карабах, но и дека е одговорен за тоа што ќе се случува со земјата во иднина
Внатрешната и надворешната стабилност и безбедноста се апсолутни приоритети. Ерменската Влада мора да го анализира развојот на настаните и да им ја претстави вистината на луѓето – изјави Пашињан.
Рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и Пашинијан на 9 ноември потпишаа договор за целосен прекин на огнот на територијата на Нагорно Карабах, што почна да се применува од 10 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.