Унгарскиот премиер Виктор Орбан потврди дека неговата партија Фидес преговара со европските конзервативни политички сили, вклучувајќи го и италијанскиот популист Матео Салвини, за формирање нова парламентарна група во Европскиот парламент (ЕП).

Зброувајќи за државното радио, Орбан изјави дека откако неговата партија ја напушти парламентарната група на конзервативната Европска народна партија (ЕПП) во ЕП во средата имало разговори со некои политички сојузници во Полска, но не прецизираше со кого.

Орбан ги потврди и преговорите на Фидес со лидерот на италијанската крајно десничарска Лига, Матео Салвини, но и со Џорџо Мелони, кој ја предводи ултрадесничарската партија „Браќа на Италија“.

Унгарскиот премиер истакна дека неговата партија нема да брза по ова прашање и оти целта е Фидес во Европскиот парламент да се поврзе со слични сили кои не сакаат доаѓање на мигранти и се залагаат за заштита на традиционалното семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.