Европскиот парламент ги повика земјите-членки на Европската унија веднаш да воведат санкции кон белоруските функционери по преземањето мерки на владата на Белорусија за задушување на протестите против Лукашенко во земјата.

Санкциите се важен инструмент на располагање на Европската унија и парламентот го повикува Советот да ги користи без одлагање со цел да ги потврди и казни сериозните прекршувања на човековите права што се случија. Овие санкции би можеле да вклучуваат замрзнување на имотот на оние кои ја злоупотребуваат својата моќ и ги кршат основните слободи, рече претседателот во Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, во изјавата во средата.

Претходно истиот ден, еврокомесарот за внатрешна трговија, Тиери Бретон, рече дека ЕУ планира да воведе санкции против Белорусија подоцна во текот на денот поради, како што рече, контроверзната изборна победа на претседателот Александар Лукашенко и кршењето на човековите права за време на протестите на национално ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.