Парламентарните избори во Унгарија ќе се одржат на 3 април, соопшти денеска унгарскиот претседател Јанош Адер, кој датумот го објави во соопштение објавено на неговата веб-страница, пишува Ројтерс.

Премиерот Виктор Орбан, за кого овие избори за првпат по подолго време ќе бидат неизвесни, од избирачите ќе го бара четвртиот мандат, откако од 2010 година суверено владее со Унгарија.

Меѓутоа, на овие избори на Орбан за првпат ќе му се спротивстави здружена опозиција, со единствен кандидат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.