Елисејските полиња, најпозната улица во Париз, ќе стане градска градина, откако надворешните ленти ќе бидат претворени во зелени површини, а улицата ќе биде значително стеснета. Тоа е дел од проектот што има за цел да изврши еколошка трансформација на француската престолнина.

Како дел од овој проект, во париз ќе бидат отстранети 140 илјади паркинг места и на нивно место се планира садење дрвја, а и граѓаните на Париз ќе имаат можност да се изјаснат како сакаат да се користи ослободениот простор.

Целта на проектот е да се направи Париз позелен и попријатен за живот со користење на новите површини за хортикултурно уредување, компостирање, поставување игралишта и садење дрвја.

Посебно место во планот зазема просторот околу Ајфеловата кула, што треба да биде пробразен во извонреден природен парк во срцето на Париз.

Ваквиот план за Париз доаѓа во време во кое пандемијата предизвика многу градови ширум планетата да ги ревидираат своите урбанистички планови, со оглед на тоа што граѓаните се се позаинтересирани за проблеми како што се зеленилото, парковите, но и како функционира јавниот транспорт и заедниците воопшто.

Токму Париз, со реализација на планот, треба да предничи во тоа како треба да изгледа едба модерна постковид метропола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.