Париз и Атина воведуваат построги мерки поради новиот сој омикрон.

Двете земји, мерките ги воведуват особено за време на празниците и планираните масовни собири.

Францускиот премиер Жан Кастекс изјави дека нема да има полициски час за новогодишната ноќ.

Кастекс, исто така, рече дека во следните три недели, почнувајќи од понеделник, сите јавни собири ќе бидат ограничени на 2.000 лица за настани во затворен простор и 5.000 лица за настани на отворено.

Потрошувачката на пијалоци и храна ќе биде забранета во комерцијалниот сообраќај на долги релации, како и во кината, додека работата од дома ќе стане задолжителна најмалку три дена во неделата кога тоа е можно, рече Кастекс, пишуваат светските медиуми.

Владата исто така донесе одлука носењето маски да биде задолжително на отворено во центрите на градовите.

За разлика од другите земји кои го одложија враќањето на учениците во училиште, француските училишта ќе бидат повторно отворени на 3 јануари, како што беше планирано, рече тој.

Грција исто така одлучи да воведе нови мерки во борбата против новиот сој омикрон.

Според министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис, мерките се донесени по препораките на експертската комисија, а ќе бидат на сила од 3 до 16 јануари 2022 година.

Маските кои обезбедуваат поголема заштита ФФП2 или КН95 ќе бидат задолжителни во јавниот превоз, супермаркетите и сите места каде што се собираат повеќе луѓе, како и на местата каде што се служи храна.

Ако тоа не е можно, ќе бидат потребни двојни хируршки маски.

Рестораните и баровите нема да можат да работат по полноќ, а музиката ќе биде дозволена само со почитување на мерките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.